ВМРО-ДПМНЕ: Владата исплаќа 40 стари кредити на СДСМ

Македонија останува една од најмалку задолжените земји во Европа според „Еуростат“. СДСМ има проблем кога земјата не е задолжена како во нивно време, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на дополнителниот заменик- министер за финансии Кире Наумов дадена во Гостивар.

За СДСМ е несфатливо како е можно во Македонија постојано да се работи, да се реализираат проекти од инфраструктурата, земјоделието, образованието, здравството, да се вложуваат стотици и стотици милиони евра, притоа да се враќаат долговите кои СДСМ им ги остави на граѓаните како свој единствен реализиран проект – и на крај Македонија сепак да биде меѓу најмалку задолжените земји на континентот, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека во изминатите години интензивно се гради во државата притоа посочувајќи на трите автопатишта, новите болници, училишта, градинки, студентски домови и универзитети.

– Факт е и дека минатиот месец Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја отплати еврообврзницата на СДСМ вредна 150 милиони евра. На што ги потрошија во СДСМ овие пари? Факт е дека од времето на СДСМ се останати уште 40 активни кредити кои оваа влада ги отплаќа и ќе ги отплаќа. Станува збор за 14 кредити од Светска банка, 12 кредити ИДА од Меѓународната асоцијација за развој, 3 кредити од ЕБРД, 2 кредити од Шпанија, 2 кредити од КфВ банка, кредит ИФАД од Меѓународниот фонд за земјоделие, кредит од Владата на САД, од ЕУ, од Јапонија, од ЕИБ, од Влада на Италија и од Кипар, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

 
 
30.01.2016 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега