Драма на Патарина: Возач прегази вработен

Вработен на наплатната рампа Глумово бил повреден откако возач на комбе сакал насилно да помине.

Полицијата информира дека вчера околу 12 часот настанала расправија околу наплатата меѓу вработениот, 50-годишниот Г.С. и непознато лице кое го управувало комбето. Притоа, сопатникот од возилото насилно ја отворил рампата по што вработениот излегол од кабината за да ја затвори рампата. Во моментот кога ја затворал рампата, бил удрен од комбето во пределот на десниот колк по што возилото заминало.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 
 
31.01.2016 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега