Го ранил со пушка: Две несреќи во Македонија - младо момче на Ургентен

Во два одделни случаи во текот на вчерашниот ден повредени се две лица од ловечки пушки.

Во првиот случај на планинскиот дел над демирхисарското село Боиште, 35-годишниот М.Д. од ловечката пушка за која имал дозвола испукал еден патрон при што го повредил 21-годишниот В.А. во пределот на грбот. Повредениот е пренесен во Клиничката болница во Битола, а потоа поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Во вториот случај на планината Китка во близина на селото Алдинци при лов се самоповредил од ловечка пушка 62-годишниот Д.Б. Повредениот е пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош поради повредата на показалецот на десната рака.

 
 
31.01.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега