Ставревски ќе ја запознае британската бизнис заедница во Лидс со можностите за инвестирање во Македонија

Денеска владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во рамки на посетата на Велика Британија, ќе ги презентира инвестициските можности во Македонија пред британската бизнис заедница во Лидс.

Заедно со македонскиот вицепремиер во Велика Британија се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида.

Инаку, македонската делегација вчера инвестициските можности ги презентираше пред бизнисмените од Ливерпул.

Презентации ќе бидат одржани и во Шефилд и Лондон, каде на британските бизнисмени ќе им бидат претставени климата за водење бизнис во Македонија.

најчитано сега