Лисиче се гуши: Ова се најзагадените населби во Скопје

Во скопско Лисиче и Тетово утрово е најзагадено. Измерени се концентрации на ПМ10 честичките од 185 микрограми во Лисиче и 125 во Тетово.

Мерните станици во Карпош регистрираа 109 микрограми, кај Ректоратот 106, во Гази Баба 104 и Велес 70.

Во текот на ноќта се регистрирани повисоки концентрации од утринските. Во Лисиче се измерени 591 микрограми, 336 во Тетово, 314 во Гази Баба, 269 кај Ректорат, во Центар 244, во Карпош 238, во Кичево 171, во Кавадарци 166 и Миладиновци 159.

 
 
02.02.2016 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега