Скопјанец тешко повреден - што се случувало вчера во Скопје?

 

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди.

Од нив, пет сообраќајни незгоди се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на моторно товарно возило.

Се случила и една сообраќајна незгода со последица тешка телесна повреда во која бил повреден сопатник.

Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 26 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и осум возачи кои за време на управување со возилото го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас. Санкционирани се и 16 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 80 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Од сообраќајната полиција известуваат дека од денеска до 9 февруари годинава во време од 9 до 13 часот на крстосниците во централното градско подрачје ќе се реализира обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе ја реализира Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР. 

 
 
02.02.2016 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега