Прочитајте дали вашата населба е меѓу оние кои утре ќе немаат струја

 

Од 9 до 14 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Бразда, општина Чучер Сандево.

Во периодот од 9:30 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Нобелова“, „Варшавска“ од бр.42 до 46 и „Виенска“ во општина Карпош.

Без струја од 9 до 14 часот ќе останат дел од корисниците од булеварот „Трета македонска ударна бригада“, улицата „3“, средното училиште „Димитар Влахов“ и потрошувачите околу ова училиште во општина Аеродром. 

Од 9 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од реонот Гази Баба, а од 12 до 15 часот корисниците од улиците „101“ и „102“ во село Волково, општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Џумајска“, „Стогово“, „Брадфорска“ и „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош. Од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Венјамин Манчуковски“ броевите 9, 11, 13 15 и 17 во општина Аеродром. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот. 

 
 
02.02.2016 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега