Цело маало се кренало на нозе: Изгоре уште една куќа во Македонија

Во селото Горенци, општина Центар Жупа утрово целосно изгоре куќата сопственост на Адријан Имероски, но повредени нема.

Благодарение на брзата интервенција на дебарската територијална противпожарна единица спречено е проширување на пламените јазици на соседните куќи.

- Пожарот избувнал во 8 часот 20 минути по што веднаш бевме информирани и во најкус временски рок што можевме стигнавме на местото. Пожарот ја пеплоса куќата, која се наоѓа во горното маало на селото заедно со покуќнината. Неофицијално, според првичните созанија, причина за пожарот е електричната инсталација, вели Џетан Мифатроски, Командир на ТППЕ во Дебар.

Во гасењето на пожарот во првичните моменти помогнале и соседите.

Сопственикот на куќата, кој е социјален случај, неговата сопруга и двете малолетни деца, останати се под ведро небо. Штетата според него е над 50 илјади евра.

 
 
02.02.2016 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега