Вторпат во Скопје ќе се слави Кинеска Нова година

Наредниве неколку денови официјална делегација на збратимениот град Нанчанг (Народна Република Кина) ќе го посети Скопје.

Во четврток градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе оствари средба со официјална делегација од Нанчанг, предводена од Веи Гуохуа, заменик директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг.

Вечерта во Македонскиот народен театар, по повод Кинеската Нова Година, културниот ансамбл од Нанчанг пред присутните ќе ја презентира нивната музика и танци.

Ова е втора година по ред Кинеската Нова Година да биде одбележана во Скопје со голем број културни настани и манифестации.

 
 
02.02.2016 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега