Трагедија во Куманово: Таксист прегази старица

Синоќа околу 23 часот се случила сообраќајна незгода во Куманово кога таксист удрил во старица која за жал им подлегнала на повредите на патот кон болницата.

Со такси-возилото марка Ауди управувал 34-годишниот А.Ц. од Куманово. Откако тој ја удрил 76-годишната Надежда Илиќ веднаш била повикана брза помош, но кумановчанката поради сериозноста на повредите починала на пат кон болница.

ФОТО: Макфакс

најчитано сега