Важна вест за сите кои се возат во автобусите на ЈСП

Од почетокот на јануари ЈСП почна со продажба на неперсонализирани електронски картички, наречени “Скопска” кои се без фотографија на носителот. До сега се продава само персонализирани картички со фотографија наречени “Моја Скопска”.

Продажбата на овие картички се врши на билетарите на ЈСП, а новина е тоа што наскоро ќе почне продажба и на 35 локации на мастер дилерот на ЈСП кој наскоро ќе биде објавен. Тоа ќе бидат локални мали маркети каде што пазаруваат скопјани и каде што дополнуваат сметка за мобилен. На самиот старт бројката ќе биде 35, а понатаму ќе се шири мрежата на ЈСП.

Важно за неперсонализираната картичка е тоа што таа не содржи лични податоци, односно неа може да ја користат и останатите членови на семејството.

 
 
03.02.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега