Филмски грабеж на бензинска во Тетово: Го удриле со пиштол и му ги собрале парите

Вчеравечер во тетовско се случил филмски грабеж кога петмина разбојници ограбиле бензинска пумпа во Сиричино.
 
Како што информира МВР, додека едниот разбојник чекал во автомобилот, другите четири влегле во бензинската, а  едниот од нив со пиштол го удрил вработениот, 26-годишниот Д.И. па го собрал сиот дневен промет од касата.
 
Разбојниците успеале да соберат 10.500 денари, по што избегале во непознат правец. 
 
Полицијата работи на расветлување на случајот.

најчитано сега