Прекин на железничкиот сообраќај со Грција

Денеска поради генералниот штрајк во Грција во прекин ќе биде железничкиот сообраќај помеѓу Македонија и нашиот јужен сосед.

Од 00.00 до 24.00 ќе биде во прекин железничкиот сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција, информираат од МВР.

Инаку, во Грција се одржуваат протести и штрајкови во пресрет на утрешното гласање во Парламентот по пакетот-закони за ревизија на државниот сектор. 

ФОТО: Денешен

најчитано сега