Семејство од Тетово остана на улица поради пожар
На 02.02.2016 година во 11.30 часот во Тетово на улица „Ленин“ настанал пожар во куќа сопственост на Е.С.
Пожарот започнал во соба на поткровниот спрат, односно се запалил оџакот кој бил обложен со дрвена ламперија, a по ѕидовите во три соби изгореле 3 врати и 6 прозори, кровната конструкција и покуќнина. Во пожарот нема повредени лица и е предизвикана матерјална штета.
Пожарот е локализиран од страна на Против пожарната единица во Тетово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Сектор за внатрешни работи.
03.02.2016 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа