НОВИ ДЕТАЛИ: Откриени причините за тепачката во која учествуваа Стоилов и Манасков

 

Во вторникот наутро, во 4 часот и 30 минути во Полициската станица Центар, ракометарот Стојанче Стоилов пријавил дека бил физички нападнат од страна на триесет и три годишниот Т.Г. од Скопје и 4-5 непознати лица, при што се здобил со видливи повреди.

Имено околу 04,00 часот, на ул.„Костурски херои“ бб во  пекарницата „Силбо“, додекаСтоилов јадел заедно со неговите другари Д.М. и Н.Т. му пришле 4 до 5 непознати лица, кои сакале да се сликаат со него, но кога одбил, почнале вербално да го навредуваат и да му упатуваат поградни зборови, по што истите излегле надвор и почнале да ги оштетуваат возилата на Д.М. и Н.Т. По ова и Стоилов заедно со Д.М. и Н.Т. излегле надвор да видат што се случува при што пикерот на македонската репрезентација бил физички нападнат со клоци и тупаници од страна на Т.Г. и другите непознати лица со кои претходно имал вербална расправија.

 Од извршениот разговор со инволвираните лица и со сведоците случајот е расчистен и на Стојанче и Т.Г. им е издаден записник за констатиран прекршок по чл. 11 (“тепачка“) од Законот за јавен ред и мир.

 
 
03.02.2016 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега