Таксист преживеа хорор кај Мавровка

 

Вчера во Полиициска станица Чаир, лицето М.Х.(34) од Скопје пријавил дека околу 12:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ поточно пред „Мавровка“, од страна на непознат сторител му е извршено разбојништво, при што му се одземени 800 денари. 

Сторителот разбојништвото го извршил во такси, при пристигнување пред „Мавровка“ извадил 1.000 денари со цел да плати такси услугата која изнесувала 200 денари,

Оштетениот  извадил пари за да му врати кусур по што сторителот му задал удар во пределот на лицето и му ги одзел сите пари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
04.02.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега