Двегодишно дете се удави во канал во Прилеп

 

Двегодишниот О.Н. од Прилеп рано изутрината е пронајден мртов во каналот со вода во прилепската населба Тризла.

Според основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиоска вчера родителите пријавиле дека исчезнало двегодишно дете од прилепската населба Тризла.

- Вчера околу 15.30 часот родителите на двегодишниот Омер пријавиле дека исчезнало нивното дете. Потрагата по детето траеше до утринските часови. Неговото безживотно тело од членови на семејството е пронајдено изутрината, околу 6.30 часот во каналот со вода што се протега од Марковите кули кон населбата Тризла. Било удавено и со лицето кон водата во каналот, изјави Салатоска Илиоска.

Јавниот обвинител побара да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта на двегодишното дете.

 
 
04.02.2016 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега