Утре не очекува северен ветер со брзина над 80 км/ч

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти на повеќе места ќе достигнува брзина и над 80 km/h.

Дневната највисока температура ќе биде во интервал од еден до осум степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе достигне до пет степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

 
 
04.02.2016 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега