Скопјанец го снајде тешка судбина - остана без 400.000 денари
Вкупно 200.000 денари, 800 евра, 20 швајцарски франци, два мобилни телефона и разновиден златен накит се украдени вчера од куќа на улицата „Кавалска“ во Скопје.
Според полицијата, кражбата се случила во периодот од 12 до 17 часот, а осомничен е непознат сторител кој насилно влегол преку еден од прозорите на куќата, сопственост на С.М.(42).
Разбојникот со кражбата стекнал противправна имотна корист од околу 400.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
05.02.2016 - 12:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа