Терористите од Диво Насеље утре пред Суд

Првото рочиште за случајот „Диво насеље“ ќе започне утре во Основниот суд Скопје против 18 обвинети за тероризам. Тие претходно во постапката се изјаснија како невини.

Според обвинителниот акт ќе одговараат за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.

На 9 и на 10 мај во кумановската населба Диво насеље вооружена група се судри со безбедносните сили при што загинаа осуммина полицајци, а повеќе од 30 беа повредени.

 
 
08.02.2016 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега