Тешка кражба во Скопје - крадецот се збогати со 640.000 денари

На 06.02.2016 година во 23.10 часот во Полициската станица Чаир М.С. (24) од Скопје пријавила дека истиот ден во периодот од 16.30 до 23.00 часот на улица „Никола Малешевски“ , во стан сопственост на В.Р., непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со алат насилно ја отворил вратата, влегол во станот, извршил претурање по мебелот при што одзел 10.000 евра и 200 шведски круни, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 640.000 денари. 

Увид на местото на настанот извршила полициската екипа на Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
08.02.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега