Филмска кражба на Пластична хирургија - крадци 'оперираат' низ скопските клиники

Утринава се случила филмска кражба на Пластична хирургија околу 8 часот и 30 минути кога тројца крадци влегле во библиотеката каде еден од лекарите пишувал историја на пациент при што додека едниот крадец му го одвлекувал вниманието жалејќи се дека го боли нога, другиот крадец украл ташна од една студентка, а третиот им го чувал грбот на своите партнери за кражба, јави Здравство24.мк

За среќа, камерите кои се поставени во болницата го снимиле делото, па вработените веднаш повикале полиција. За само два часа крадците биле фатени.

Сепак, иако овие крадци се фатени, на клиниката постојат 5 нерасчистени кражби.  Пред 2 дена во раните утрински часови е украден мобилен на пациент. Никој не го видел разбојникот а никој и не се посомневал бидејќи тоа време на клиника доаѓаат и пациенти за преврска, а исто така  и лекарка од Пластична била ограбена два пати во рок од два дена. Прво и украле паричник полн со пари и картички, а потоа и одзеле уште 2000 денари од нејзиното шкафче.

Најверојатно крадците влегуваат на клиниката попладне кога е визитата за пациенти и го скенираат теренот. Потоа се враќаат во утринските часови кога вратите се отворени за чистачките.

Затоа, внимавајте доколку одите на скопските клиники, внимавајте.

Извор: Здравство24.мк

ФОТО: Денешен

најчитано сега