Автомобил удри пешак во Тетово

Деведесет и две годишниот Р.А. заработил тешки повреди откако бил удрен од автомобил „Форд мондео“ пред два дена на улицата „Радован Цониќ“ во Тетово.

Несреќата, информираат од СВР Тетово се случила околу 13 часот кога 38-годишниот Х.Ш. од Селце удрил со автомобилот во 92 годишниот тетовец Р.А.

-Во несреќата, пешакот се здобил со тешки повреди и со истото возило бил пренесен во тетовската клиничка болница. По укажаната помош, пуштен е на домашно лекување, информираат до СВР Тетово.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата.

 
 
08.02.2016 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега