Сообраќајка во Скопје: Возачот излетал преку шофершајбна

Низ прозорец летнал возачот на „југото“ во денешната тешка сообраќајка која се случи во Скопје, во близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“, на крстосницата меѓу булеварот „Теодосиј Гологанов“ и улицата „Лондонска“. Во сообраќајката се судрија „југо“, „мерцедес“ и автомобил „киа пиканто“, а со потешки повреди помина само возачот на „југото“, чие возило поминало и со најголеми оштетувања, јави Телеграф

Според сведоци на сообраќајката, до сударот дошло за време на сообраќајниот метеж на булеварот, околу 17.30 часот. Возачот на „југото“ се обидел да се приклучи на булеварот во време кога таму имало голема колона. Во првата лента од булеварот му отстапиле простор да ја премине улицата, но тогаш на него налетал „мерцедесот“ кој возел брзо по булеварот во втората лента.

 

Од силината на ударот, автомобилот „југо“ се извртел повеќепати и удрил во еден од минувачите, кој за среќа поминал само со мали и полесни повреди. Сепак, возачот на „југото“ удрил со главата во прозорецот од автомобилот, по што и излетал од возилото. Веднаш напомош му притрчале минувачите кои биле во близина и со возило на итна помош бил префрлен во болница.

 
 
08.02.2016 - 19:52
Фото: 
Телеграф

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега