Многу ретко ја гледаме оваа банкнота - Гувернерот планира да ја укине

Гувернерот на Европската Централна Банка, Марио Драги, најави дека може да се разгледа можноста да се укине печатењето на банкнотите од 500 евра поради тоа што го потпомагаат развојот на криминалните дејности.

Сепак, членовите на управниот одбор од банката бараат и дополнителни докази дека не станува збор за инсинуации.

Во Велика Британија е стопирана употребата на банкноти од 500 евра, кои повеќе не можат да се добијат од банкоматите и банките уште од 2010 година, бидејќи 90 отсто од побарувачката за нив доаѓала од криминалните кругови.

Централната банка на Италија опиша на кој начин банкнотите со високи апоени се погодени од криминалните активности како што се продажбата на дрога или затајување на данок, бидејќи парите полесно се пренесуваат и кријат.

-Криминалот е дејност во која се плаќа исклучиво во готовина, па добродојдени се банкноти со високи апоени – објасни италијанската полиција, а која проценува дека повеќе од 90 отсто на банкнотите од 500 евра циркулираат во мафијашките кругови.

Повлекувањето на овие пари се разгледува и во Финска, а САД ги има повлечено банкнотите од 1.000 долари од пазарот уште од 1969 година, откако било утврдено дека им помагаат на криминалците во развојот на црниот пазар.

Претходно, Европската Комисија најави истрага за сомнително големиот број на банкноти од 500 евра во еврозоната, а Драги тогаш истакна дека се во фаза на проучување на проблемот и дека сѐ уште не е одлучено како ќе се реши.

 
 
08.02.2016 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега