Соседите викнале полиција: Ќе се прави обдукција на починатата жена во Прилеп

Прилепското Јавно обвинителство нареди да биде извршена обдукција на распаднатиот женски труп што вчера попладнето е пронајден во куќа на улицата „Браќа Ламески 1“ во Прилеп.

Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, станува збор за 49-годишната прилепчанка Милка Наумоска.

- Соседите почувствувале непријатна миризба и повикале полиција. Полицијата го нашла распаднатиот труп и според првичните сознанија, жената била мртва околу една година. Живеела со братот, но се смета дека тој бил со нарушено психичко здравје, изјави Илиеска.

Увид на местото извршиле надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи. Телото на починатата е предадено на обдукција. Обвинителството ги презема сите неопходни дејства за расветлување на причините за смртта и зошто настанот не е навремено пријавен.

- Јавен обвинител го сослушал братот на починатата. Истрагата продолжува во насока на утврдување на фактите, стои во соопштението од Јавното обвинителство. 

 
 
09.02.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега