Центарот за социјални работи се интересирал за братот и сестрата Наумоски од Прилеп

Обдукцијата треба да покаже кога точно и како починала 49-годишната прилепчанка Милка Наумоска чие тело вчера попладнето беше пронајдено во нејзиниот семен дом на улицата „Браќа Ламески еден А“, соопштуваат од прилепското Основно јавно обвинителство.

Според обвинителот Маријана Илиеска полицијата вчера попладнето околу 17 часот го нашла мумифицираното тело на жената, откако соседите пријавиле дека се шири непријатна миризба. Телото го чувал братот, 50-годишниот Јане Наумоски. И братот и сестрата имале психичка попреченост.
 
Според Гоце Јонзоски, раководител на службата за итна медицинска помош, жената била мртва повеќе од една година.
 
– Според првичната проценка, таа била веќе почината повеќе од една година. Била чувана во посебна просторија, била прскана со средства против мушички, покривана со неколку ќебиња. Буквално, телото било мумифицирано и личело на мумија, како што гледаме во египетските филмови, вели Јонзоски.
 
Од Центарот за социјални работи објаснуваат дека на четврти февруари добиле анонимен повик за да им се помогне материјално на Јане и Милка Наумоски кои биле со нарушено здравје. Социјалниот работник Јасмина Митреска вели дека оформиле тим и отишле на увид.
 
– Оформивме тричлен тим од социјален работник и психолог за евентуално сместување во старски дом и за процена за социјална помош. Кога дојдовме до домот на наумоски, на вратата не пречека Јане Наумоски. Ни дозволи само еден метар да влеземе во просторијата, а потоа побара да излеземе.Веднаш се почувствува силна непријатна миризба. на прашањето каде е сестра му, Милка, Јане Наумоски одговори дека е излезена и не знае кога ќе се врати. Го известивме дека случајот ќе бид епријавен во полицијата. Тоа го сторивме на петти февруари, изјави Митреска.
 
Вчера попладнето, како што информира основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, соседите в полиција пријавиле дека се чувствува непријатна миризба. Полицијата интервенирала и покрај запирањата од Јане Наумоски и го нашча телото на 49-годишната жена.
 
Јане и Милка Наумоски живееле сами, откако пред три години починал нивниот татко. Од центарот за социјални работи велат не се корисници на социјална помош, но во ноември 2014 Јане наумоски поднесол барање за социјална помош за двајцата, им било одобрено, но никогаш не било реализирано зашто Јане Наумоски не дошол на контрола. Наумоски повторно поднесол само барање во октомври минатата, 2015, година. Во тој период социјален работник дошол до домот на Нумоси и од Јане го добил одговорот дена сестра му не е дома.
 
Основниот јавен обвинител побара обдукција со која треба да се утврди како и кога настанала смртта на 49-годишната прилепчанка.
 
 
09.02.2016 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега