Супер вести за возачите: Нафтата поевтинува

Американската лесна нафта за испорака во март поевтини на берзата во Њујорк на 28,42 долари за барел додека суровата нафта од типот „брент“ која се увезува во Македонија за испорака во април поскапи за половина долар и тргувањето вчерашниот ден го заврши на ниво од 30,82 долари за барел.
По подолг пад на малопродажните цени, Регулаторната комисија за енергетика во понеделникот ја зголеми цената на нафтените деривати во Македонија. Бензините ги поскапи за половина денар а дизелот за два денари по литар.
Средната цена на суровата нафта според која регулаторот ја одредуваше малопродажната цена во Македонија на почетокот од неделава изнесуваше 32,076 долари за барел а средниот курс на денарот во однос на доларот изнесуваше 56,4 денари.
Во моментов, цената на суровата нафта е за 1,2 долари пониска од средната цена за минатите две недели а за еден долар се купуваат 54,6 денари.
До следната корекција на цената има 11 дена во кои може да има позначителни движења.
Доколку состојбата остане ваква, идниот понеделник може да се очекува намалување на цените меѓу 1 и 2 денари по литар.

 
 
10.02.2016 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега