Уште една доживотна казна денеска пресуди скопскиот Кривичен суд

Доживотна казна затвор за Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи, одреди денеска Кривичниот суд. 

Дрпљанин е еден од тројцата кои учествуваа во заседата за „алфите“ кај Природно-математичкиот факултет во ноември 2008 година, кога животот го загуби Арифи, а двајца негови колеги беа тешко повредени.

На Дрпљанин му беше судено во отсуство, но по неговата екстрадиција од Косово во 2012 година, предметот беше повторно вратен во суд.

 
 
10.02.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега