Хорор во Ченто: Го претепале додека си одел дома

Во 21 часот и 40 минути синоќа во Полициската станица Гази Баба 28-годишниот Д.З. пријавил дека бил физички нападнат од страна на две непознати машки лица. Д.З. со возило „Мерцедес Вито“ со скопски регистерски ознаки застанал над надвозникот за да се приклучи кон населбата Ченто, при што од правец на „Триангла“ пред неговото возило  застанало  „Ауди“ исто така со скопски регистерски ознаки и од возилото излегле две непознати лица, му ја отвориле  возачката врата, почале да му викат на висок тон и едно од лицата со тупаница го удрило неколку пати во пределот на лицето.

Причина за физичкиот напад е поради недавање на првенство на минување во  сообраќајот.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 
 
10.02.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега