Две Бугарки протерани од Македонија - еве зошто

Кривична пријава си заработија Н.И.Г.(42) и И.Н.Е.(21),бугарски државјанки, поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела ,,кражба“,  при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 4.000 денари за што од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка 1 година затвор, условно за 3 години, лицата се протерани и им е забранет влез водржавава во времетраење од 5 години. Двете кривични дела се извршени на пладне, една на подрачје на Центар, другата на подрачје на Аеродром во автобуси, на тој начин што искористувајќи ја гужвата со протнување на рака во ташните од оштетените одзеле паричници со пари и лични документи. Пријавените по извршување на второто кривично дело се симнале од автобус на автобуската постојка наспроти Трговскиот Скопјанка и  паричниците ги фрлиле во канта за ѓубре, при што биле забележани од страна на полициските службеници кои при проверка во кантите за смет ги пронашле паричниците, а додека пријавените откако приметиле дека се забележани се дале во бегство.

 
 
10.02.2016 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега