Македонки работат како проститутки на јахти во Црна Гора

Проституцијата цвета во Будва, каде што корисниците на услугите богати Руси кои доаѓаат на одмор во Црна Гора. Услугата чини од 500 евра на ден до 3.000 евра за викенд. Се шпекулира дека во овој бизнис има и девојки од Македонија, објави Блиц, пренесе Вечер

Услугата чини од 500 евра на ден до 3.000 евра за викенд, а корисници најчесто се богати Руси што доаѓаат во Црна Гора на одмор, пишува Блиц.

Според весникот малолетна подгоричанка, која сакала да остане анонимна, поради желба да заработи голема сума пари на елитните забави што се организираат на скапи јахти по црногорското приморје, преживеала тешки моменти и малтретирање од човекот што ја навлекол во работата.

Таа се обратила во Сигурната женска куќа кога човекот и се заканил дека ќе ја оттргне од родителите.

Ја убедивме девојката случајот да го пријави во полиција. Таа ни кажа дека проституцијата е многу добро организирана, а девојките доаѓаат со јахтите на средина од морето, се прекачуваат на други јахти и така даваат сексуални услуги за пари, од кои процент земаат и посредниците", за Блиц од Црна Гора изјави Лилја Раичевиќ, извршен директор на Сигурната женска куќа.
Таа тврди дека проституцијата цвета во Будва, но и во Бар, каде што корисниците на услугите се странци. Услугата чини од 500 евра на ден до 3.000 евра за викенд, а корисници најчесто се богати Руси што доаѓаат во Црна Гора на одмор.

Се шпекулира дека во овој бизнис има и девојки од Македонија.

најчитано сега