Страотна сообраќајка на патот Ресен - Прилеп - возачот тешко повреден
На 10.02.2016 година во 16:10 часот на патот Ресен-Прилеп, кај „Раштанска населба“, се случила сообраќајна незгода во која А.И. (34) од село Алданци, крушевско, управувајќи автомобил марка “Пежо 206“ со швајцарски регистарски ознаки, излетал на левата страна од коловозот, по што удрил во заштитната ограда и се извртел. Од незгодата, А.И. се здобил со фрактура на прв слабински прстен.На истиот му била укажана лекарска помош во болница во Битола.
Увид на местото извршила полицијата во Битола.
11.02.2016 - 13:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа