Вардар гостува кај Рајн Некар Ловен

Македонскиот ракометен шампион Вардар со вечерашното гостување кај бундеслигашот Рајн Некар Ловен ги продолжува натпреварите од Лигата на шампионите по паузата поради Европското првенство во Полска.

По десетте кола германската екипа има бод повеќе од Вардар и се наоѓа на третата позиција на табелата во групата Б. РНЛ воедно е и лидер во ракометната Бундес лига.

Овие два тима имаат одиграно три натпревари во Лигата на шампионите и „вардарци“ имаат остварено три победи. Во првиот дел од оваа сезона македонскиот првак во СЦ „Јане Сандански“ триумфираше со 25:19, додека лани во Германија беше 35:28 за Вардар.

Во тимот на Вардар од првиот дел ќе недостасуваат суспендираните Дејан Манасков и Стојанче Стоилов, како и Блаженко Лацковиќ кој замина во Кил, а кај РНЛ право на настап има македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски.

Почетокот на натпреварот е во 19:30 часот, а дуелот ќе се игра во Франкфурт, а не во Мајнхајм каде РНЛ ги игра дуелите од Бундес лигата.

Натпреварите од 11.коло од Лигата на шампионите продолжија синоќа со дуелот меѓу ППД Загреб и ПСЖ, кој им припадна на ракометарите на францускиот тим.

Двојки од 11.коло:

А група: ППД Загреб – ПСЖ 23:25, Висла – Цеље, Бешикташ – Веспрем (играат во сабота), Флензбург – Кил (играат во недела).
Табела: ПСЖ 18, Флензбург 16, Веспрем 15, Кил 11, ППД Загреб 9, Висла 8, Цеље 3, Бешикташ 2.

Б група: Рајн Некар Ловен – Вардар, Кристијанштат – Килеце (играат вечерва), Монпеље – Барселона и ПИК Сегед – Колдинг (играат во недела).
Табела: Барселона 15 бодови, Киелце 14, Рајн Некар Ловен 13, ПИК Сегед 13, Вардар 12, Монпеље 7, Кристијанштат 4, Колдинг 2.

 
 
11.02.2016 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега