Се заканувале со пиштол - тешка ноќ за вработени од Скопје

На 11.02.2016 година околу 23.45 часот  во сeло Марино, скопско, на бензинска пумпа две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработениот. Притоа сторителите одзеле ташна во која имало дневен промет. Сторителите влегле во бензинската пумпа, и едниот од нив му вперил пиштол на вработениот и му ги побарал парите. По настанот сторителите побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
12.02.2016 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега