Три лица тешко повредени во сообраќајна незгода во близина на Тетово

Вчера околу 19:25 часот на регионалниот пат Јажинце-Тетово, Во близина на село Доброште, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка „Волксфаген Шаран“ со скопски регистерски ознаки управувано од И.И. и автомобил марка „Опел Корса“ со тетовски регистерски ознаки управувано од А.З.(56). Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот И.И. и двајца сопатници од возилото „ Волксваген Шаран“ Д.С. и И.С. кои биле пренесени и задржани на лекување во Клинички центар во Тетово. Сопатникот на возилото „Опел Корса“ Ш.Џ. (60) по укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово бил пуштен на домашно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
13.02.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега