Лоши вести за возачите: Регулаторна од вторник со нови цени

Американската лесна нафта за испорака во март поевтини на берзата во Њујорк на 29,25 долари за барел додека суровата нафта од типот „брент“ која се увезува во Македонија за испорака во април поевтини и за 10 центи и тргувањето во петокот го заврши на ниво од 33,26 долари за барел.

По подолг пад на малопродажните цени, Регулаторната комисија за енергетика минатиот  понеделник ја зголеми цената на нафтените деривати во Македонија. Бензините ги поскапи за половина денар а дизелот за два денари по литар.

Средната цена на суровата нафта според која регулаторот ја одредуваше малопродажната цена во Македонија на почетокот од минатата недела изнесуваше 32,076 долари за барел а средниот курс на денарот во однос на доларот изнесуваше 56,4 денари.

Во моментов, цената на суровата нафта е за 1,2 долари повисока од средната цена за минатите две недели а за еден долар се купуваат 55,03 денари.

До следната корекција на цената има 7 дена во кои може да има позначителни движењa, особено ако се има предвид дека Иран се врати на нафтениот пазар и дополнително ја зголеми и онака презаситената понуда,  што се очекува да предизвика дополнителен пад на цените.

Но доколку цените останат на ова ниво, во понеделник за очекување е поскапување на нафтените деривати во Македонија. Во таква ситуација нагорна корекција меѓу половина и еден денар по литар не би требало да биде изненадување.

 
 
15.02.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега