Кочани: Со возилото излетал од пат
Во текот на вчерашниот ден десетина минути пред 18 часот, на магистралниот пат Штип-Кочани се случила страшна сообраќајка во која возило Цитроен со кочанска регистрација управувано од страна на 63-годишниот И.Г. излетало од патот.
Во незгодата со тешки повреди се здобил возачот на кој му е укажана помош во Општата болница во Кочани.
Полицијата врши увид на местото на настанот.
15.02.2016 - 13:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа