Деца пронајдоа мртов маж во Куманово
Маж на околу шеесетгодишна возраст е пронајден мртов на излез од населбата Средорек, во Куманово, во стари урнатини спроти Спомен Костурница, јавуваат кумановските портали.
Според неофицијални информации лицето го пронашле деца од населбата Средорек кои играле на местото.
Човекот бил облечен во работнички алишта без обувки на нозете.
Од кумановското јавно обвинителство велат дека на телото нема траги од насилство, но увидот се уште трае.
15.02.2016 - 19:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа