Караванот за „Купи куќа за млади“ утре во овие градови

Во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре (17 часот) ќе се одржат презентации во општинските згради во Велес, Свети Николе и Пробиштип. 

На караванот граѓаните ќе можат да добијат целосна информација за проектите од претставници на Министерството за финансии, од Катастарот, банкари, претставници, како и претставници од општините кои ќе ја презентираат понудата на државни плацеви.

Во тек на караванот ќе се одржат презентации во 30 општини, меѓу кои и Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар, соопшти Министерството за финансии. 

 

 
 
16.02.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега