Драма во тетовско: Внук ѕверски го малтретирал својот дедо
Седумдесет и осумгодишниот А.С од долнореканското село Требиште, вчера пријавил семејно насилство од страна на неговиот внук. 25-годишниот Е.С. со кого заедно живееле, му побарал пари на дедо си, но откако истиот одбил да му даде, започнал психички да го малтретира, а потоа се разбеснил и го соборил на подот. Со тоа му го оштетил слушниот апарат.
Внукот продолжил да дивее и ја оштетил покуќнината.
Дедото признал дека внукот подолго време му правел ваква тортура.
Набрзо по пријавувањео, Е.С. бил приведен во полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на случајот, ќе се соочи со соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа