Млад штипјанец во бесознание донесен на Ургентен - го претепале без причина

Синоќа непознато лице без повод и причина нападнало млад штипјанец.

Се работи за 28-годишниот Д.И. од Штип кој околу еден часот по полноќ бил нападнат од засега непознато лице и се здобил со повреда на главата. Поради сериозноста на повредите, штипјанецот бил веднаш пренесен во Клиниката во Скопје.

Полицијата трага по насилникот кој веднаш избегал од местото на настанот.

 

најчитано сега