Со Калашников пукано кон полицајци во Атина

Денеска се случил инцидент во Грција кога непознати лица пукале со „Калашникови“ врз полицајци од специјалната единица ДИАС.

Пукотницата се случила зад зградата на Главната дирекција на полицијата во Атина. Во инцидентот нема повредени лица.

Напаѓачите, двајца или тројца пукале од автомобили во движење. Тие почнале да пукаат откако биле запрени од полицијата, но успеале да избегаат. 

најчитано сега