ЕУРОСТАТ: Македонија со најнизок индекс на цени на прехрамбени производи

 

Статистичката анализа издадена од Еуростат, оценувајќи ги европските земји според индексот на цените на прехрамбените производи и цигарите, ја оцени македонската држава како најефтина. Истражувањето е спроведено во 37 европски држави, меѓу кои државите од ЕУ27, државите од ЦЕФТА и оние земји што имаат директна соработка со Европската Унија. Во анализата е земена предвид куповната моќ на граѓаните во државите кои се вклучени во анализата. Куповната моќ на граѓаните е пресметана според методолошкиот прирачник на Еуростат и  ја потенцира точноста на статистиките. Впрочем земени се во предвид висината на платите на граѓаните, нивните редовни месечни трошоци и можноста за пазарување. Анализата се однесува на периодот од минатата 2012 година, а истражувањето е публикувано на 21 јуни 2013. Ова истражување се спроведува секоја година, со цел споредба на цените на цените на прехрамбените производи во европските земји.

Статитстичките податоци се однесуваат на целокупната потрошувачка во претходната година. Продуктите се поделени во 6 категории: храна и безалкохолни пијалоци, леб и житни култури, месо, млеко сирење и јајца и алкохолни пијалоци и цигари. Република Македонија е најефтина земја во однос на сите категории на прехрамбени производи, додека пак најскапа е Норвешка.

 

Во прилог ја имате табелата каде што се запишани индексите на цените за продуктите за секоја држава одделно каде земени се шест категории на продукти, наведени под реден број според висината на цените, од најефтината држава за прехранување до најскапата:

 

 

Во следната табела наведени се индексите на цените за секоја категорија од продуктите одделно најнискиот и највисокиот индекс на цена:

извор ЕУРОСТАТ: http://epp.eurostat.ec.europa.eu/cache/ITY_PUBLIC/2-21062013-AP/EN/2-21062013-AP-EN.PDF

 

најчитано сега