Божиновски: Изборите носат крај за Заев

Изборите кога и да се случат ќе донесат нова катастрофа за СДСМ, сметаат експертите. Според нив, рејтингот на Заев се движи само во надолна линија па оттука, единствен спас за одложување на крајот на политичката кариера, опозицискиот лидер гледа во одложување на изборите и пролонгирање на кризата колку што е можно.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски кој раководи со Институтот за политички истражувања кој пак ги креира најпрецизните анкети на јавното мислење и партиски рејтинзи најавува нов пораз на СДСМ.

 

„Доколку се знае поддршката кон едната и другата партија работите стануваат многу појасни. Доколку изборите се одржат утре, тоа е 2 месеци пред 24 април она што се случуваше на изборите во 2014 можеби нема да се преслика но ќе биде многу слично. Така да Заев ќе биде соочен со еден нов голем пораз и тоа би значело негово целосно повлекување од политиката“ – смета Божиновски

Катастрофален рејтинг за СДСМ покажуваат и сите релевантни анкети. Последната изработена од Брима Галуп покажува дека доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори од македонското гласачко тело за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

 
 
22.02.2016 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега