Крадец излезе со богат плен од казино во Струга

Во 04 часот и 10 минути по полноќ во Струга на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ во казиното „Тhe Slots“, непознат сторител извршил тешка кражба при што од касата одзел 194.367 денари. 

Како што соопшти МВР, сторителот со алат ја отворил влезната врата од помошната просторија, потоа се упатил кон главниот влез каде се разминал со вработените, влегол внатре и од касата ги одзел парите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 
 
23.02.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега