Трагедија во училиштето Металец во Лесокавц: Другарите се простија од Стефан

 

Тага и болка во средното училиште „ Раде Металец“ во Лесоковац откако почина ученик од четврта година. Стефан Арсиќ (18) починал на часот по физичко.

Стефан е веднаш примен во болница, но од страна на лекарите само му е констатирана смрт. Се работело за дете кое имало оперирано срце, од школото изјавиле дека на Стефан наеднаш му се слошило околу 16:30 часот и паднал во безсвест на подот. Професорот се обидел да му даде прва помош но немало никакви промени.

На часот по физичко правеле вежби кои биле неадекватни за неговата физичка и здраствена состојба, раскажа директорот на училиштето.

Тој додаде дека Стефан бил добар ученик, примерно и дисциплинирано дете и неговата изненадна смрт покрај родителите ги погоди и сите негови другари од училиште.

 
 
23.02.2016 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега