Ќе се реконструира водоводна мрежа на неколку улици во општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, поточно со ЈП „Водовод и канализација“, утре ќе почне со градежни активности, односно реконструкција на водоводна мрежа (замена на стара со нова инсталација), по должина на главната улица „Ѓорѓи Капчев“, од раскрсницата кај паркот Бановина до црквата „Св. Ѓорѓи“.

Реконструкцијата ќе ги опфати и улиците: „Ѓорѓи Капчев“ 17, „Ѓорѓи Капчев“ 16а и „Ѓорѓи Капчев“ 22.

Градежните активности ќе се изведуваат етапно и во зависност од тоа на кој дел ќе се работи, тој дел ќе биде затворен за сообраќај.

Од општината ги замолуваат граѓаните да бидат трпеливи и да пронајдат други алтернативни можности за сообраќај.

 
 
23.02.2016 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега