Трагедија ја потресе Македонија: Пронајден мртов маж

Во росоманското село Паликура вчера попладне е пронајдено починато 50 годишно лице во дворот од семејната куќа. Како што јавува МИА, по наредба на јавен обвинител телото на лицето со иницијали Б.А било дадено во Судска медицина за обдукција.  

- Вчера околу 17 часот во полициската станица  Кавадарци било пријавено дека во дворот на семејната куќа во селото Паликура било пронајдено починато лице. Смртта ја констатирал лекар  од Здравствен дом Кавадарци, а според првичните информации, немало видливи траги на насилство. Сепак причината за смртта ќе ја покаже обдукцијата, нагласи Недељковиќ од полицијата. 

Увидна екипа на Велес и јавен обвинител од Велес извршиле увид на лице место. 

 
 
24.02.2016 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега