Откриени крадците што ја ограбија тетовската џамија

Тројца албански државјани кои непријавено претстојувале на подрачјето се извршители на кражбата што вчера утрото околу седум часот била извршена во џамијата што се наоѓа на улицата „176“ во Тетово информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

А.Ч.(23), Е.Д.(21) од Либражд и К.Џ.(28) од Елбасан влегле во џамијата низ незаклучената дрвена врата од северната страна на објектот по што од двете метални каси за доброволни прилози на верниците со употреба на метална жица успеале да одземат, односно извлечат извесна сума парични средства.

- Со одземеното заминале, но за кусо време повторно се вратиле назад најверојатно со намера да продолжат со кражбата. Тогаш биле забележани од вработен во објектот кој го пријавил случајот по што најпрво двајца од нив а потоа и третиот се приведени и во координација со јавен обвинител задржани во СВР Тетово, рече Јосифовски.

Нешто подоцна, додаде, со содветен поднесок се изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово. Тројцата албански државјани се осудени и изречена им е забрана за влез во Македонија од пет години поради што ќе следи нивно депортирање во матичната земја. 

 
 
24.02.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега